fbpx

Во тек е подготовка на нов пакет мерки, Владата предводена од СДСМ го шити стандардот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Прашање: Сведоци сме на покачувања секојдневно или еднаш неделно на горивата на електричната енергија и на другите енергенси, како според вас и дали Владата треба да преземе мерки со оглед на тоа што и опозицијата нели побара да се намали акцизата, даноците на прехранбените производи и ред други работи?

Одговор: Оваа Влада предводена од СДСМ понесе иницијатива за задржување и подобрување на стандардот на граѓаните, оваа Влада во континуитет се грижи за стандардот на граѓаните. Впрочем се соочуваме со повеќе кризи, од кога започна и здравствената и енергетската криза Владата изнесе пакет мерки којшто беше во насока да го помогне стандардот и да ја подобри ситуацијата на граѓаните. Така и сега за проширенета енергетска криза. Во тек се подготовки на нови мерки, очекувам час поскоро да излезе и со тој соодветен пакет на мерки за да го подобри стандардот на граѓаните и секако да ги надмине сите негативни последици којшто произлегуваат од покачувањето на горивата. Веќе од вчерашниот ден се одржа и социоекономскиот совет на којшто се разгледуваат мерките којшто ќе бидат донесени, јас повторно ќе потенцирам очекувам најбрзо што може Владата да излезе со пакет мерки којшто ќе биде во насока да се подобри и зачува стандардот на граѓаните. Оваа Влада презема низа мерки со покачувањето на платите но и секако со директни пакети мерки којшто беа наменети за граѓаните за да полесно се санираат последиците којшто доаѓаат од кризите.

Последни вести