Соопштение за јавност
Родовата еднаквост не е и не смее да биде само прашање на жените, туку тоа е прашање на општеството.
Без родова еднаквост, без целосна еднаквост, не може да зборуваме за рамноправна демократија, рече Снежана Калеска Ванчева, претседателка на Форумот на жени на СДДМ на вечерашната трибина под слоганот “Еднакви, активни, гласни” по повод Меѓународниот ден на жената, 8ми март.
Со оваа трибина сакаме да го одбележиме меѓународниот ден на жената, во духот на социјалдемократските вредности и уште еднаш јасно и гласно да кажеме и порачаме дека сакаме политички идеи и визии кои ги штитат основните човекови права, правата на жените, демократијата, владеењето на правото, дека сакаме општества кои се отворени и прогресивни, додаде Калеска.
СДСМ и Форумот на жени со своите заложби, но и реализирани политики и мерки дадоа исклучително голем придонес во унапредување на положбата на жените во нашето општество, за нивно економско зајакнување и политичко и општествено интегрирање.
-Како партија цврсто се бориме против стреотипите поврзани со родот и родовите улоги во општеството. Креиравме и спроведовме политики за зајакнување на економската независност на жените и обезбедување еднаквост на пазарот на трудот, но и во политиката. Заштита на ранливите и маргинализирани групи на жени мора да се засили како и сузбивање на сите видови на родово базирано насилство.Ние мораме да градиме родовосензитивни политичарки и политичари, рече Снежана Калеска Ванчева.
https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/636812914279079