Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека мерките на Владата предводена од СДСМ даваат резултат па затоа свесно шири шпекулации за набавки на Службата за општи и заеднички работи.
Лажни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека набавките се однесуваат само на Владата, тие се однесуваат на сите институции, како Собрание, Влада и Претседател.
Станува збор за рамковни договори кои се однесуваат на потребите на сите овие институции, а проценетите вредности на договорите се исти со години, иако малопродажните цени денес се многу повисоки.
И додека од ВМРО-ДПМНЕ свесно шират манипулации за редовни набавки, нивните градоначалници народните пари ги трошат за набавка на чоколади и апетисани и вдомување на партиски кадри во општинските администрации.
Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски кој се жали дека општината нема пари, потроши 6.000 евра на чоколади и сокови, Тимчо Муцунски од Аеродром потроши 38.000 евра на ултра скапи компјутери, додека само Данела Арсовска за вработување на стотина партиски кадри годинава ќе потроши 670.000 евра од градскиот буџет.
Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Додека глумат загриженост за граѓаните, додека неосновано напаѓаат, нивните градоначалници расипнички се однесуваат со народните пари и не одвојуваат ниту еден денар за помош на граѓаните во време на криза.