fbpx

Арсовска нека даде пример и нека се откаже од 670.000 евра наменети за партиски вработувања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Алиби градоначалничката Данела Арсовска која за време на досегашниот мандат ништо не сработи освен што постојано бара пари од Владата, оваа година ќе потроши 670.000 евра од градскиот буџет за партиски вработувања.

Нејзиниот пример на расипништвого следат и многу други градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ како што се градоначалниците на Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Илинден, Сопиште…

Само овие градоначалници оваа година, во време на криза, ќе потрошат над еден милион евра за партиски вработувања.

Ако Арсовска навистина толку е загрижена за функционирањето на Град Скопје и другите општини, тогаш нека даде пример за домаќинско работење и прва нека ги пренамени парите за вработувања, а потоа нека ги повика и останатите градоначалници да го сторат истото.

Граѓаните на Скопје се изморија од оправдувањата на Арсовска и очекуваат таа наместо алиби за неработењето, конечно да почне нешто да работи, да решава проблеми и да реализира проекти.

Последни вести