Соопштение за јавност
Денешната нервоза и политичка култура од страна на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа колку оваа партија ја боли вистината.
ВМРО-ДПМНЕ е пример за експресно и енормно богатење на поединци од партиското раководство, со криминал и коруцпија, врз грбот на граѓаните.
И самиот Христијан Мицкоски е пример како од голтар стана советник на Груевски а потоа и сопственик на хидроцентрали и бизниси.
Додека портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја спречи вистината, во Судот на рочиштето на предметот „Плацови на Водно“ се расветлува уште еден од бројните случаи поврзани со нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и партиското раководство не можат да побегнат од вистината дека се криминална партија која работи на штета на граѓаните и државата.
Ниту рециклираните лаги од белиот дворец, ниту обидите да се попречи изјава не можат и нема да ја попречат вистината.