fbpx

Згрозениот Мицкоски да си побара оставки и одговорност од сите докажани криминалци од ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дали Христијан Мицкоски денеска е згрозен од пресудите за предметите кои го потврдуваат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, како што се Титаник, Тврдина, Таргет, Тенк, но и многу други?

Предизвикува ли нешто кај Мицкоски фактот што голем дел од неговите сегашни или поранешни соработници од ВМРО-ДПМНЕ се осудени криминалци, со судски затворски пресуди или секојдневно се пред судовите за случаите што се водат против нив?

Дел од нив се актуелни пратеници, како Антонио Милошоски и Игор Јанушев но има и многу други. Впрочем Христијан Мицкоски бил советник и соработник дури и со Никола Груевски, осуден криминалец во бегство.

Згрозениот Мицкоски наместо да ги штити нив, наместо да штити криминал, треба да побара оставки и одговорност од сите нив.

Последни вести