Соопштение за јавност
Колку градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ мислат на спортот и граѓаните најдобро покажуваат фотографиите од таканаречената акција за реновирање на спортско игралиште на градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што се гледа на фотографиите од реновирањето на игралиштето останаа само неколку квадратни метри офарбани, и тоа оние со кои Стојкоски се сликаше заради евтин ПР.
И по десет денови истото игралиште е оставено недовршено,најверојатно додека не се појави нова тура фотографии од градоначалникот Стојкоски како наводно работи.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се симбол за неработа и расипништво кои единствено знаат парите на граѓаните да ги трошат на партиски вработувања, а еден од нив е и градоначалникот на Бутел кој за партизација на општината ќе потроши околу 200.000 евра народни пари.