fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да престанат да прават штета на државните интереси

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба конечно да престанат да нанесуваат штета врз државните интереси со нивните неодговорни изјави.

Крајно неодговорно е да се поткопуваат државните интереси и да се пласираат невистини околу разговорите за можно решение со соседна Бугарија.

Државните позиции се многу јасни и недвосмислени, јавно соопштени повеќе пати, потврдени и со Резолуција во македонското Собрание поддржана од сите партии.

Јавноста памети дека иако јавно и беше понудено, опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски не прифати да учествува во работните групи.

Последни вести