fbpx

Зошто не е објавен резултатот од програмата за култура во Скопје вредна 220.000 евра, што крие Арсовска?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За прв пат оваа година не е јавно објавено, каде завршија парите од Град Скопје за годинешната програма за финансирање проекти од културата, вредна околу 220.000 евра.

Станува збор за една крајно нетранспарентна постапка.

Во прилог на ова соопштение е Јавниот повик, во членот VII јасно стои дека Град Скопје, односно Арсовска имаат обврска да ги објават резултатите.

Во меѓувреме се случува различни здруженија да реагираат дека само штуро известени дека не добиле средства, без соодветно решение, без можности да реагираат.

Додека крати пари на еколошки проекти, додека прекинува проекти важни на скопјани, Данела не објавува каде завршиле парите на граѓаните.

Што крие Данела Арсовска од граѓаните на Скопје и зошто?

Дали доделува средства на сомнителни здруженија блиски до нејзината ВМРО-ДПМНЕ?

Ја повикуваме Арсовска веднаш да ги објави јавно сите информации кои пред скопјани има должност и обврска да ги објави.

Каде завршија 220.000 евра пари на скопјани, од касата на Град Скопје мора да се знае.

Последни вести