fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е партија заштитник на криминалот, денес законите важат за сите подеднакво

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Бројни судски пресуди, како и признанија на поранешни високи партиски функционери се дел од доказите дека ВМРО-ДПМНЕ е партија заштитник на криминалот.

За целиот овој криминал до денеска Христијан Мицкоски ниту еднаш се нема извинето, од никого не побарал оставка ниту пак одговорност. Напротив, под инструкции на Никола Груевски до денеска ги штити.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ оваа партија под целосна контрола го имаше судството и обвинителството а многумина високи партиски функционери важеа за недопирливи и над законите.

За разлика од тоа време, денес законите важат за сите подеднакво, секој одговара пред законите, без разлика дали се наоаѓа или не на некоја државна функција.

Денес обвинителството и судството работат ефикасно, независно и неселективно во заштита на законите, ВМРО-ДПМНЕ работи единствено за заштита на криминалот.

Последни вести