fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да престане да политизира убиство, институциите постапуваат согласно законските надлежности

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Институциите постапуваат согласно своите законски надлежности. МВР постапи соодветно во расчистување на случајот за што навремено ја информираше јавноста.

Срамно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да политизира убиство.

Особено по информациите дека лицето по кое се трага е поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ. Што зборуваат фотографиите на кои лицето по кое се трага е сликано со Христијан Мицкоски, по истата изместена логика на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ да престане да си ја ишка мувата од капата и да остави надлежните институции да го расчистат до крај убиството кое го потресе регионот.

Денес, никој не е привилегиран пред законите, секој кој сторил какво било кривично дело одговара пред надлежните судови.

Последни вести