fbpx

Велковски: Платите на професорите ги покачивме за над 20 отсто, од 2011 до 2016 година пораснале само 4 отсто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Велковски: Платите на професорите ги покачивме за над 20 отсто, од 2011 до 2016 година пораснале само 4 отсто

Од 2011 до 2016 платите на професорите се покачени за вкупно четири отсто, од 2016 година па до денес, платата е зголемена во три наврати, еднаш пет отсто, втор пат пет отсто и трет пат за 10 отсто и тој раст треба да продолжи, порача пратеникот на СДСМ Диме Велковски на денешната собраниска седница.

„Ние како Влада и како парламентарно мнозинство ги почитуваме колективните договори во сите сектори, а за првпат за време на владеењето на СДСМ се потпиша и Колективен договор во културата со што се уроамнотежија платите во културата.“ посочи Велковски.

Пратеникот Велковски истакна дека државата одвојува 48 милиони евра годишно за приватните компании за субвенционирање на исплатата на плата, а нивото на странски инвестиции во 2021 година изнесувал 500 милиони евра.

„Благодарение на субвенциите за исплата на плати, 130.000 вработени денес добиваат повисоки плати“ заклучи Велковски.

Последни вести