fbpx

Судскиот совет е надлежен и прави проверка на работата, веќе се разрешени дваесетина судии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Довербата на јавноста во правосудството е на многу ниско ниво и граѓаните со право и реагираат, но факт е дека СДСМ и парламентарното мнозинство прават и преземаат сериозни чекори во оваа насока. Ќе кажам дека партијата на господинот Зијадин Села доцни, а еве и зошто:

Законски измени веќе има и тие законски и тој процес веќе тече во правосудството, судскиот совет е тој којшто е надлежен за разрешување на судии, откако секако судскиот совет ќе утврди кои судии работеле незаконски, кои судии работеле неетички, несовесно или нестручно. Според новата методологија којашто е направена веќе имаме разрешени околу дваесетина судии, само во овој месец се разрешени 5 од нив. Другиот механизам којшто стои на располагање односно другото тело коешто може да направи секако добра опсервација на работата на судиите тоа е ДКСК којашто има механизми и има можност да ја провери имотната состојба на судиите и на обвинителите. Исто така ќе спомнам дека постојат и механизми којшто по случаен избор 5 отсто од застарените предмети којшто се од висок профил може да им се направи ревизија и да се утврди причината зошто тие предмети толку долго стоеле во фиока и зошто всушност станале и застарени.

Последни вести