fbpx

До кога Арсовска ќе крие каде завршија 220.000 евра народни пари за проекти од културата?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Со недели Данела Арсовска и Град Скопје не објавуваат каде и за што се потрошени 220.000 евра од градскиот буџет наменети за Програмата за финансирање проекти од културата.

Иако во членот 7 од Јавниот повик е наведено дека Град Скопје има обврска да ги објави добитниците на финансиски средства, тоа се уште не е направено.

Истовремено, здруженија и граѓани кои аплицирале реагираат дека добиле само штуро известување по електронска пошта дека проектите им се одбиваат.

Што крие Арсовска и зошто? Дали парите ги поделиле здруженија и поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ па затоа Арсовска молчи?

220.000 евра се сериозна сум на средства, граѓаните, јавноста имаат право да знаат каде и за кои проекти тие завршиле.

Арсовска да даде одговор пред скопјани.

Последни вести