fbpx

Мицкоски е тој што ги загрозува државните позиции, да си даде оставка откако неговиот шеф Груевски се најде на црната листа на САД

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се оние кои ги загрозуваат државните и националните интереси.

Без срам дури и лично самиот Мицкоски денеска си призна дека неговите ставови за процесот со Бугарија ги темели на „определени шпекулации“.

Тоа ниту е чесно, ниту е одговорно однесување на шеф на парламентарна политичка партија.

Секогаш кога државата е во битни периоди за евроинтеграцијата ВМРО-ДПМНЕ дејствува деструктивно во обид да го попречат евроинтегративниот процес.

Наместо да шири лажни вести и дезинформации, наместо да ги загрозува позициите на државата, Мицкоски да си даде оставка откако неговиот шеф Никола Груевски се најде на црната листа на САД поради сторените очигледни и судски потврдени криминали.

Последни вести