Почитувани другари и другарки сопартијци
и сите вие кои ги негувате вредностите на социјалдемократијата,
Нека ни е среќен роденденот!
Денес, секој од нас треба да е горд на придонесот за државата да биде дом за сите, затоа што сме се вградиле директно или индирекно преку своите визии, делувања и работа.
СДСМ е синоним за државотворна и одговорна партија.
Од процесот на мирно создавање независна држава, меѓународно признавање, преку кандидатски статус за членство во ЕУ и реализирање на стратешката цел поставена уште од независноста – членството во НАТО алијансата!
Обезбедивме сигурност и стабилност, мир и загарантиран територијален интегритет.
Нашиот концепт Едно општество за сите е пример за меѓусебно почитување и соработка.
Затоа велам дека СДСМ е чуварот на сегашноста, гарантор на стабилноста, напредокот и иднината.
Пред нас се нови предизвици. И не само економски и политички, кои сите ги живееме, зборувам за предизвиците во продолжување на носење на одлуки кои ќе ни го зајакнат заедништвото и достоинството како дома така и во големото семејство на европските државотворни народи и ќе донесат сигурна и стабилна иднина за младите.
Да се надминеме во поделбите и да се отргнеме од ретроградните наративи. Само обединувањето ќе не зајакне и ќе не направи посилни во континутетот кој го имаме од нашите претци кои не задолжиле како аманет за сите идни генерации.
Среќен 31 роденден СДСМ!
Да живее Социјалдемократскиот сојуз на Македонија!