Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ за 11 години на власт, со парите на граѓаните направи бројни катастрофални и апсурдни криминални проекти кои сведочат за нивното криминално владеење.
Такво сведоштво е барокно-стиропорната фасада на Владата, која денеска се сруши, претставувајќи потенцијален ризик.
Под налет на ветар, веќе падна и дел од фасата на МЕПСО.
Со опасните фасади на ВМРО-ДПМНЕ, завршија стотици илјади евра на граѓаните во џепови на врхушката на оваа партија.