fbpx

Честитка на Зечевиќ: Велигден е многу повеќе од верски празник

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По повод Големиот христијански празник Велгден, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, упати честитка до сите православни христијани, како и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и Синодот.

„Велигден е многу повеќе од верски празник. Велигден е нераскинлив дел од македонското национално духовно богатство, како симбол на победата на доброто, на животот, над злото, над смртта. Тој светол животороден ден буди нова надеж и го носи духот на добрината, почитувањето и љубовта меѓу луѓето.

Да се обединиме околу овие човечки вредности и да придонесеме сите да шириме меѓусебна добрина и почитување.
На сите православни христијани го честитам големиот празник Велигден, посакувам добро здравје и духовен мир.
Христос Воскресна, навистина воскресна.

Нека е за многу години!“ стои во честитката на Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Последни вести