fbpx

Мицкоски се плаши од Ковачевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уште од првиот ден од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ очајно и неуспешно се обидува да го дискредитира претседателот Димитар Ковачевски.

Лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирање на најголемата економско-енергетска криза предизвикаа страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски.

Од друга страна, и ВМРО – ДПМНЕ и Мицкоски се уште бараат начин да го баранат, да го замаскираат и оправдаат криминалот на Никола Груевски. Наместо да се извинат и оградат од неговите злодела.

Бројни судски пресуди како што се предметите Титаник, Тенк, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно каде се изречени правосилни затворски казни за голем број високи функционери на партијата, како и за Никола Груевски, се потврда на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

“Скопје 2014” е барокна пералница на 1 милијарда народни пари и бегање од одговорноста за сторен криминал нема.

Тоа што ВМРО- ДПМНЕ се уште се обидува да го рехабилитира Никола Груевски дава одговор зошто единствено Мицкоски не аплаудираше во парламентот кога се ратификуваше нашето членство во НАТО Алијансата.

Последни вести