Соопштение за јавност
Во време на најголемата светска економска криза, кога растат цените на енергенсите и на храната, а политичките субјекти од цела Европа се обединуваат во настојувањата да изнајдат конструктивни решенија за заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување доволно енергенси за претстојната зима, Христијан Мицкоски со најавите засилени блокади се однесува крајно неодговорно.
Тоа е продолжение на безобѕирното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, која набавувала теписони за 20.000 евра или лустери за дестици илјади евра, која потрошила стотици илјади евра на скап мебел и опрема за уредување и декорација на Белиот дворец, што е потврдено преку судските процеси и признанија на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да направи било што конструктивно, нешто од интерес на граѓаните, наместо да се заканува и уценува со блокади и некаква радикализација нека ги продаде луксузните теписони и лустери во Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се грижат само за лични и партиски интереси, кои се противат парите да завршуваат кај граѓаните, СДСМ води политика за враќање на парите кај граѓаните, повисоки плати и унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Нема да им успеат ниту една уцена, ниту еден обид за блокада.