Соопштение за јавност
Делегација на СДСМ предводена од потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, организациониот секретар Вангел Андрески и пратеничката Санела Шкријељ, оддаде почит и положи цвеќе на спомен обележјата на борците од НОБ по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Победата над фашизмот е победа на слободата врз тиранијата, победа на правдата врз злосторот, победа на еднаквоста врз поделеноста.
Со гордост оддаваме почит кон борците од Народно ослободителната борба на кои им ја должиме слободата.
Темелите на нашата државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денеска да живееме во слободна, модерна и демократска
држава.