fbpx

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои блокираат да се откажат од платите, тоа се над 40.000 евра месечно за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Сите пратеници во Собранието на Република Северна Македонија се избрани од народот и се платени со пари од граѓаните.

Задача на пратениците е да ги застапуваат интересите на граѓаните кои ги избрале, да носат законски решенија кои се во интерес на граѓаните и државата.

Пратениците кои бојкотираат и блокираат Собрание, кои не работат ништо како што тоа го прават пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување.

Кога веќе не ја работат работата за која се платени, кога ја попречуваат работата на целото Собрание, тогаш, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба итно да се откажат платите, дневниците, патните трошоци, службените телефони и овие пари да ги донираат кај граѓаните, затоа што во вакви околности тоа не треба да им следува.

Ако се земе бројот на пратеници и просечната плата на еден пратеник, тоа се над 40.000 евра народни пари само за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Кога веќе решиле наместо на граѓаните, да му служат на нивниот партиски шеф Христијан Мицкоски, тогаш од него нега бараат плати за ваквото неработење за ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните и државата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во актуелниот пратенички состав ќе остане запаметена како најнеодговорна и најдеструктивна пратеничка група во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ останува единствената партија која во време на криза се обидува да отежне, да го закочи нормалното функционирање на државата и да блокира се што е во интерес на граѓаните.

Ваквото антидржавно однесување, ваквата негрижа, повторно ќе бидат поразени.

СДСМ остро ќе се спротивстави на овие блокади, нема да дозволи тие да ја вратат државата назад.

Ќе најдеме начин, согласно сите законски и деловнички можности, да ги донесеме законите од интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане изолирана во своите деструктивни политики.

Последни вести