Соопштение за јавност
Освен по деструкциите, Христијан Мицкоски е познат по ширењето лажни вести.
Вистината е дека токму Мицкоски е тој кој оди по амбасади, плаче и цимоли да се одмрзне имотот на неговата криминална партија, замрзнат во судскиот предмет „Талир“ но и да бара ослободување на неговите партиски соработници од судските обвиненија и пресуди.
Мицкоски е очаен што не успеваат неговите блокади на Собранието, очаен е што неговите градоначалници се прочитани од граѓаните а истовремено е исплашен за сопствената фотелја во белиот дворец.
Одговорност ќе има за сите, Мицкоски нема да успее да ги одбрани неговите соработниците, осудените криминалци од ВМРО-ДПМНЕ.