Соопшение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од лавиринтот на груевстичката режимска матрица.
Потврда за тоа се тимовите на министрите од ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада.
Тимот на Рашела Мизрахи е составен од лица кои се познати во јавноста како дел од режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ и биле дел од креирање на погубниот проект Скопје 2014, соработници на Диме Спасов и одговорни за омаловажувањето на сиромашните, стечајците и пензионерите. Дури и самата Мизрахи ги понижи жените на првиот ден од нејзиното назначување.
Тимот на Цветан Трипуновски против кого има кривична пријава за злоупотреба на 170.000 едвра, е олицетворение за најцрните 11 години во земјоделството кога земјоделците осиромашуваа, производството пропаѓаше а кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се богатеа на сметка на макотрпниот труд на земјоделците.
Наќе Чулев пак, којшто сега е во МВР, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“. Оваа хипотека на Чулев ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР но СДСМ нема да дозволи ништо да го загрози изборниот процес ниту сигурносата на граѓаните.
Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април. Режим никогаш повеќе!