Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ 11 години систематски ја уништуваше економијата, на сметка на богатење на неколкумина на врвот на најбогата партија во Европа, ги држеше платите замрзнати и наместо да се грижи за граѓаните парите ги расфрлаше за лажен барок, споменици и жални врби.
Факт е дека економијата која што во последниот квартал од владеењето на ВМРО ДМПНЕ бележеше негативен раст од -1.8%, достигна раст од 3.6% во третиот квартал на 2019 година.
Факт е дека растат платите во сите сектори. Факт е дека минималната плата е зголемена на 14.500 денари, а ВМРО-ДПМНЕ со години ја држеше замрзната на срамни 9.000 денари.
Факт е дека невработеноста во 2019 година е намалена на рекордно ниски 17,1 отсто, а младинската невработеност е намалена за 10 отсто.
Официјалните податоци ги демантираат лагите од белиот дворец, економијата е на прав пат, а ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во матрицата на манипулации и деструкции.