fbpx

СДСМ ја крена земјата и ја поведе напред, на 12 април граѓаните избираат напредок, режим никогаш повеќе

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Изборот на оваа техничка влада доаѓа во различни околности во однос на техничката влада која ја имавме пред 4 години кога државата се соочуваше со сериозна политичка криза, а државата беше на амбисот, бевме изолирана држава, а институциите на Европската Унија не декларираа како заробена држава, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески на денешната седница во Собранието.

Тогаш режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски држеше се под контрола, се вршеше прислушкување, немаше правда имаше монтирани случаи и пресуди како секојдневие, а денес после 2 и пол години, ние сме држава која ги реши отворените прашања со соседите, држава која е на еден чекор од членство во НАТО, држава која е на праг на отпочнување на преговорите со ЕУ, додаде Митрески.

Денес сме држава, која за 2 и пол години откако СДСМ ја предводи владата ја посетија најважните европски лидери, денес сме држава која на економски план се развива со нормално темпо и парите се враќаат кај граѓаните. Просечната плата порасна, имаме драстичен раст на минималната плата, растат платите во сите клучни сектори.  Растат и пензиите и од овој месец пензионерите и пензионерките ќе добиваат повисоки пензии за 900 денари, истакна Митрески.

Митрески се осврна и на решениот проблем со стечајците и реформата во социјалата, потенцирајќи дека социјалната помош порасна за 300 отсто, а статусот на 12.000 стечајци е решен и тие земаат редовен месечен приход од над 8.000 денари.

Економијата е во раст. Се отвораат нови и подобро платени работни места. За 2 и пол години преку конкретни мерки на СДСМ отворенис е над 60.000 работни места од кои најголен дел се во приватниот сектор. Невработеноста падна на историски минимум од 17.1 отсто. За 2 и пол години направено е многу повеќе во сите сфери во економијата од претходните 11 години, официјалните податоци се доказ за тоа.  Од -1.8 отсто во 2017 година,  економијата денес има раст од над 3.6 отсто, потенцираше Митрески

Ги вративме слободата и демократијата, додека 11 години не смееше да се зборува, имавме заробени институции, медиуми и загрозени човекови права, поделби и етнички тензии, денес живееме во слободна држава. Оваа влада буквално од темел ги крена сите институции. Убедени сме дека оваа техничка влада ќе спроведе фер и демократски парламентарни избори што е пракса откако СДСМ е на власт, рече Митрески.

Митрески посочи дека одговорност се очекува од сите, па и од министрите кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Во интерес на граѓаните е да продолжиме да работиме, темелно, ефикасно и да создадеме услови за избори без никаква темна дамка. Во услови кога очекуваме ЕУ да ја исправи неправдата која и беше нанесена на нашата држава, и иако испорачавме се не добивме датум за преговори, ние мораме да покажеме дека сме демократстко општество во кое владеат принципите на правда и праведност.

Граѓаните на 12 април ќе се одлучат за безбедна и сигурна иднина, за економски развој и сигурност, социјална стабилност, наспроти враќање назад во неизвесност, несигурност и небиднина, заклучи Митрески.

Последни вести