fbpx

Лагите од Белиот дворец нема да ги покријат штетите што ВМРО-ДПМНЕ со блокадите им ги прави на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Покрај тоа што блокира важни закони за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ постојано шири лажни вести и дезинформации.

Последна од нив е лагата дека шест вработени лица во Службата за општи и заеднички работи на посетата во Бугарија биле прикажани како новинари.

Како што информираше СОЗР вработените при посетата во Бугарија присуствувале заради извршување на работни задачи – организација и поддршка на активностите на нашата делегација, во која биле и медиумски претставници, на заедничката седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија.

Ниту една измислица, ниту една лага нема да ги покрие штетите што ВМРО-ДПМНЕ со блокадите им ги прави на граѓаните.

Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски знае само да шири лажни вести и да блокира, не знае и не сака да сработи ништо во интерес на граѓаните.

Последни вести