fbpx

Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ правеле дубари со струјата на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, не сработеа ништо во интерес на граѓаните и оштините.

Во секоја општина предводена од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ има назадување и неработа.

Деновиве граѓаните сведочат и дека дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ направиле злоупотреба, формирајќи јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување од ЕВН ја добиваат по цена за домаќинствата.

Мицкоски наместо да измислува оправдувања да каже кои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ правеле дубари со струјата на граѓаните.

Голема е нервозата во Белата палата откако се откри дека неговите градоначалници правеле злоупотреби да обезбедат поевтино улично осветлување и откако се откри дека неговите блиски луѓе направиле малверзации со земјиште каде се проневерени 1,6 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ не се менува, останува партија на криминал, малверзации и дејствување на штета на граѓаните и државата.

Последни вести