Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ покажа капацитет во справување со последиците со најголемата светска економска криза и тоа ќе продолжи да го прави, порача вечерва пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска во гостување во емисијата „Економски магазин“ на Телевизија Алсат.
„Економскиот тим на Владата ја следи ситуацијата и е подготвена да преземе дополнителни чекори за заштита на стандардот за граѓаните. Во таа насока е и ребалансот на Буџетот кој е влезен во собраниска процедура а преку кој се обезбедуваат 76 милиони евра за помош на граѓаните и стопанството, како и дополнителни 52 милиони евра за земјоделството.Важно е да се истакне дека Владата се уште ја субвенционира цената на произведената електричната енергија за таа да не падне на товар на крајните корисници односно на граѓаните и тие да добиваат повисоки сметки за електрична енергија.“ посочи Георгиевска.
Пратеничката Георгиевска истакна дека по изгласувањето на Законот за земјоделство и рурален развој, наскоро започнува исплатата на субвенците за над 20.000 тутунари, за што парите се веќе обезбедени во рамки на државниот буџет.