fbpx

Останува мерката за субвенционирање на струјата за граѓаните, 2.000 денари помали сметки само со оваа мерка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во време на најголема економска и енергетска криза во светот, Владата предводена од СДСМ презема мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и ублажување на последиците.

Во моментов се работи на редизајнирање на мерките со цел тие да бидат потаргетирани во периодот кој што претстои и најмногу да бидат насочени кон поддршка на најпогодените од кризата, а од почетокот на годината се реализирани низа мерки за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

Се уште е на важност мерката за субвенционирање на струјата за граѓаните.

Со помош на овие субвенции просечно семејство заштедува околу 2.000 денари месечно на сметките за електрична енергија.

Без субвенциите на државата за електрична енергија, секое семејство би имало сметка за струја повисока за 2.000 денари.

Истовремено се помагаат и ранливите категории граѓани кои добиваат дополнителни субвенции на сметките за електрична енергија.

СДСМ како одговорна партија продолжува со нови мерки и нови форми на помош како поддршка за граѓаните и компаниите во справувањето со последиците од кризата.

Последни вести