fbpx

Ништо не го пере ВМРО-ДПМНЕ од сторениот криминал во Талир 2, украденото да го вратат кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Може ВМРО-ДПМНЕ да смислува нови и да рециклира стари лаги, но ништо не ги пере од криминалот што оваа партија го правела со години.

„Талир 2“ „Тенк“ „Тврдина – Таргет“ „Плацови на Водно“ се судски пресуди кои го потврдуваат степенот на криминал на ВМРО-ДПМНЕ кој е од епски размери.

Наместо да измислуваат лаги, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ најмалку што треба да направат е да излезат пред граѓаните и да се извинат, а потоа украденото да го вратат назад кај граѓаните.

Со одбивањето да го сторат тоа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ само покажуваат дека во оваа партија ништо не се менува дека и натаму се грижи за одбрана на криминалот, а единствена цел им е да им наштетуваат на граѓаните.

Последни вести