Соопштение за јавност
Народот виде што и како се случувало, граѓаните видоа дека ВМРО-ДПМНЕ ја има најбогата зграда, партиско седиште на политичка партија, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21 во врска со пресудата во предметот Талир-2.
Таа нагласи дека не би коментирала судски одлуки, додавајќи дека СДСМ се бореше против партизирано судство, сваровски судство, кое се базираше на тефтерчиња.
Во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, Лукаревска порача дека дефокусирање на нешто за нешто посецифично не е типично за владата на СДСМ, туку тоа така беше претходно.
За актвината блокада на опозицијата, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска смета дека блокдата нема никому да донесе добро, никој не сака да види собрание кое дневен ред гласа до 3 часто по полноќ.
Ако се блокира ребаланост на буџетот тоа значи дека нема да може да се реалзираат мерки кои ќе значат справување со кризата, во процедура се битни закони, кои не би требало да бидат жртва на блокада, истакна Лукаревска, додавајќи дека граѓаните гледаат како работи централната власт на СДСМ, а како локалната на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа рече дека ако опозицијата смета дека тоа е сегмент на нивното делување тогаш може да го прават тоа, ама граѓаните потоа ќе судат на избори кои ќе бидат редови во 2024 година, што е конзистентен став на владеачката коалиција.
Проритет на сите политички субјекти треба да биде решавање на кризата и изнаоѓање на добробит за граѓаните. Независно кој од која политичка партија е, треба да покажеме дека имаме доблест и слух за решавање проблемите, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21.