Соопштение за јавност
Пратеничката од СДСМ, Лолита Ристова денеска во расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година во собраниската Комисија за буџет и финансирање истакна дека и во време на светска економска криза, се инвестира во унапредување на инфраструктурата.
„Во делот на инфраструктурата во изминатиот период реализирани се, а во наредниот период ќе следува и реализација на бројни капитални проекти. Во тек на изградба се автопатите Кичево – Охрид во должина од 57 километри и автопатот Скопје – Блаце во прва фаза во должина од два километри, ѓто значи дека се работат 59 километри автопати. Изградба на експресни патишта во 2022 година: Градско – Дреново 15 километри, Дреново – Фариш 10 километри, Крупиште – Кочани 13,7 километри, Длабочица – Чатал 15,5, Длабочица – Крива паланка 9 километри или вкупно изградба на 63 километри експресни патишта.“ порача Ристова додавајќи дека се реконструираат и регионални и магистрални патишта во должина од 91,3 километри и дека тоа граѓаните го гледаат низ целата држава.
Таа истакна дека се инвестира и во канализациски и водоводни системи, како и во изградба на социјални станови, односно дека во овие четири години изградени или во фаза на изградба се 853 социјални станови во десетина општини и дека и тоа се важни капитални инвестиции.
Осврнувајќи се на Законот за заем од Светска банка за изградба на локални патишта, Ристова изрази уверување дека тој ќе биде донесен, но посочи и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокираше Законот а сега откако поголем дел од општините се раководени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ пратениците од опозицијата го поддржуваат ова законско решение, што зборува за лицемерието на оваа партија.