fbpx

Велковски: Со ребалансот се алоцираат финансиски средства за поддршка на компаниите и на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеникот на СДСМ Диме Велковски, при реплика во рамките на комисиската расправа посветена на ребалансот на Буџетот за 2022 година истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи и се осврна на тоа што го прави државата во однос на ублажување на ценовните шокови.

Нема да зборувам за Талир 2, за Белата палата, за Скопје 2014, има многу да се зборува, денеска ќе зборувам за ребаланост на буџетот, рече Велковски.

Тој нагласи дека со ребалансот се зголемени финансиските средства за плати и надоместоци и тоа 526 милиони евра, или 554, 7 милиони денари повеќе во однос на буџетот, донесен пред 6 месеци.

Тоа се прави за усогласување на платите, што се зголемени, со претходното зголемување на минималната плата, рече Велковски и потсети дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата беше 9.000 денари.

Ако не се покачеше минималната плата, што ќе правевме сега, 9.000 е повеќе од 18.000, без оглед на покачување на цените, нагласи Велковски.

Тој истакна дека данокот на добивка во периодот јануари- мај годинава е за 43,1 отсто поголем во однос на 2021 година, во истиот период данокот на личен доход е поголем за 17, 9 отсто, ДДВ е зголемен за 7,4 отсто, а царините за 34,2 отсто.

Тоа зборува дека државата ги исполнува своите критериуми, рече Велковски и нагласи дека истовремено редовно се сервисира јавниот долг, рече Велковски.

Велковски истакна дека во ребаланост за поддршка на земјоделците и производство на храна се предвидуваат 50 милиони евра повеќе од основниот буџет пред 6 месеци, а дополнително, за поддршка на земјоделците се ставаат на располагање нови 6.000 хектари земјиште за четири култури, за пченица, пченка, јачмен, сончоглед и за прв пат се даваат субвенции за вештачко ѓубриво.

Тој нагласи дека со ребалансот останува субвенцирањето на платите во приватните компании, се зголемува минимална гарантирана помош, растат пензиите.

Потребно е да се алоцираат средства, затоа е потребен ребалансот и сите финансиски средства се втемелени во поддршка и на компаниите и на граѓаните, порача пратеникот на СДСМ Диме Велковски.