fbpx

Ограничување на маржите за основните производи, го штитиме стандардот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Владата предводена од СДСМ во време на најголемата светска економска криза продолжува со мерки за ублажување на ценовиот шок и заштита на стандардот на граѓаните.

Започнува да се применува мерката за ограничување на маржите за основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало.

Трговска маржа од 5 проценти е утврдена за леб, шеќер и сончогледово масло.

За брашно, макарони и шпагети, македонски ориз, кравјо млеко и јајца маржата се ограничува на најмногу 10 проценти.

Одлуката за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените ќе важи до 30 септември оваа година, со можност да продолжи до крајот на годината.

СДСМ како одговорна партија и во време на криза продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, со мерки за заштита на стандардот на народот и ликвидноста на компаниите.

Последни вести