Соопштение за јавност
Мицкоски ја поддржа Резолуцијата на ЕПП со ставоите на Бугарија, бадијала глуми, тој е лажен патриот
Бадијала Христијан Мицкоски глуми, бара оправдувања за тоа што ја поддржа Резолуцијата на Европската народна партија со ставовите на Бугарија.
Мицкоски е лажен патриот и ништо повеќе, нема основно чувство за државност.
Боксерскиот речник на Мицкоски очигледно му е наследство од Никола Груевски, но реалноста е дека токму Мицкоски ги поткопа државните позиции со прифаќањето на Резолуцијата на ЕПП со бугарски ставови, односно по неговиот речник зададе сериозен удар на државните позиции.
Мицкоски дома глуми патриот а надвор поддржува документи кои ги поткопуваат меѓународните позиции.
Исто како што пред поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, со рачињата на маса, засрамен велеше дека го поддржува Договор, или поточно дека „го поткрепа“.
Тоа е лажното лице и однесување од Мицкоски. Ниту еден збор поврзан со спорот со Бугарија од устата на Мицкоски нема значење ниту тежина.