fbpx

Велковски: Мора да опстоиме на тоа колку што може повеќе да се олесни животот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеникот на СДСМ Диме Велковски во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат истакна дека сите држави членки на ЕУ рекоа дека Македонија има направено се што е потребно, со цел да се отворат преговорите за влез и преговорање со ЕУ, оставува Република Бугарија да направи исчекор.

Како партија, како парламентарно мнозинство и граѓани очекуваме да се деблокираат процесите за доброто на сите граѓани, рече Велковски.

Тој додаде дека независно од тоа, програмата на владата ќе се исполнува до крај врз основа на тоа што беше во јануари изгласано и испочитувано во собранието, има и големи предизвици во однос на енергетската криза која постои во цела Европа, со топлинската енергија, покачување на цените на прехранбените производи.

Мора да опстоиме на тоа колку што може повеќе да се олесни животот на граѓаните, одговроноста е голема, со ребаланост на буџетот во ова време-невреме се скратуваат трошоци, што може да почекаат, за граѓаните да добијат што е можно повеќе средства, налгаси Велковски.

Во врска со најавениот протест на опозицијата, Велковски истакна дека тоа е демократско право, во демократско општество во кое нема прислушување, притисоци и запраша зошто го одбрале терминот на неколку дена пред одлчлувањето на ЕУ во врска со датумот.

ВМРО-ДПМНЕ од една страна кажуваат кога седат со европските пријатели дека треба да се отворат преговорите, но на некој начин сакаат да прикажат дека не заслужуваме преговори, рече Велковски, додавајќи дека тоа не е државнички.

Над 75 отсто од граѓаните се за членство во НАТО, каде веќе сме полноправен член и за членство во ЕУ, и мислам дека треба ова заеднички да го истрчаме, истакна пратеникот на СДСМ Диме Велковски во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат.

Последни вести