fbpx

Собранието е местото за дебата и одлука околу заклучоците за европскиот предлог, Мицкоски да не бега од дебата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Собранието е местото за дебата и одлука околу заклучоците за европскиот предлог, Мицкоски да не бега од дебата

Секако дека Собранието е место за дебата и одлука околу заклучоците за европскиот предлог и Христијан Мицкоски со ова покажува дека сака да избега од собраниската јавна дебата.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од дебата за вакво важно прашања за иднината на нашите граѓани и нашата држава покажува дека се плашат од вистината, се плашат дека ќе пропаднат сите негови лаги и измислици.

Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусноти, македонскиот идентитет е целосно заштитен , а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

ВМРО-ДПМНЕ да не бега туку да учествува во дебатата во Собранието а дотогаш да се откаже од блокадите, деструкциите и крвавите сценарија со проруската Левица и Алијанса, кои не ум успеаја.

Пратениците од сите политички партии имаат одговорност да работат за граѓаните, а не за нечии туѓи интереси, и да обезбедат европска иднина на државата со зачуван македонски идентитет.

Последни вести