fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне од одговорноста ниту за насилството ниту за прекршувањето на законите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ навикната на постојано непочитување на законите, дури и кога организира протести, тоа го прави спротивно на законите.

Партијата предводена од Христијан Мицкоски не може да побегне од одговорноста ниту за насилството ниту за прекршувањето на законите

Во Законот за јавни собири во членот 2 јасно е наведено дека „Јавен собир заради мирно изразување на мислење или протест може да се одржува на секое место кое е соодветно за таа намена, освен:

До здравствени установи, на начин кој го оневозможува пристапот на возила на брза помош и го нарушува мирот на болните; До детски градинки и училишта додека децата престојуваат во нив и на автопатишта и магистрални патишта, на начин со кој се загрозува патниот сообраќај“.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ свесно да ги тера неговите членови да го прекршуваат законот, а потоа да ги претставува како жртви.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и нивниот проруски коалициски партнер Левица прават се за да ја нарушат стабилноста на државата но СДСМ, заедно со институциите, со граѓаните, тоа нема да им го дозволи.

Последни вести