Соопштение за јавност
Пратеничката на СДСМ Даниела Николова денеска од собраниската говорница и порача да опозицијата дека нивното викање и закани се за народот да не ја чуе вистината, за да ги скрие своите лаги и манипулации.
Вие сте очајни во постапките, кои покажуваат дека единствено ви е важна власта, зборувате за идентитет, за македонски јазик, а не прифаќате решенија, кои го гарантираат тоа, извадивте куп бугарски пасоши, на маиците ви е Гоце Делчев, ама во душата го носите Тодор Александров, зборувате за важноста на македонски јазик, а сакавте да ја затворите катедрата за македонски јазик на УКИМ, на Фејсбук пишувате статуси „ајмо звиждаљке“, нели на чист македонски јазик, истакна Николова.
Пратеничката Николова додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е една антиевропска коалиција, која сака да дојде на власт само затоа што е исплашена од пресудите за својот криминал и не можат да се помират дека двете стратешки одредници на нашата држава – НАТО и ЕУ се реализираат токму во време на СДСМ, па затоа шири лаги за бугаризација и асимилација, како што ширеше лаги за кантонизација,федерализација, бегалски кампови и казни за неучење албански јазик.
Има ли поголемо зло од тоа на своите граѓани да им ја одземете европската иднина, да ги приморате да вадат туѓи пасоши да заминат во ЕУ , зборувате за иселување младите, а сте против тоа да им отворите европска перспектива, нема да ви успее и овој пат, порача пратеничката на СДСМ Даниела Николова.