Соопштение за јавност
Ростуше знае дека со Медат Куртовски развојот продолжува и во следните четири години, порача пред претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на средбата со жителите на ова населено место.
Ковачевски потенцираше дека досега изградени се потпорни и заштитни ѕидови, се прошири и реконструира локалниот пат до Ростуше, изградена е нова општинска административна зграда, извршено е уредување на дел од општински простории во Ростуше кое веќе се користи како инфо центар, а најмногу го користат туристите.
„Во наредниот период, со Куртовски како градоначалник ќе се изврши реконструкција на училишната зграда и каптажи за вода. Ростуше ќе добие нов паркинг простор, а ќе се уреди и патот до маалото Лајсовци. СДСМ со Куртовски докажа дека работи за сите граѓани подеднакво. Ги развива сите населени места во општината и работи за сите граѓани кои живеат тука, без разлика на нивната верска, национална или партиска припадност.“ порача Ковачевски пред жителите на Ростуше.