fbpx

Битиќи: Во криза е потребно разумно однесување, а не предвремени избори и референдум

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија во врска со барањата на опозицијата за референдум и предвремени избори повика на одговорно однесување.

Во криза треба разумно да се однесуваме, а не да размислуваме за предвремени избори и за референдум, истакна Битиќи.

За жал се уште се наоѓаме пред еден нов момент на една нова криза, кога треба сите разумно да се однесуваме и искрено сметам дека наместо да повикуваме на референдум и на избори, треба заедно да седнеме и да видиме кои се решенијата за излез од оваа криза, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.

Последни вести