Соопштение за јавност
Изборната програма и кандидатите за советници на СДСМ и Коалицијата се најдоброто за Тетово. Тоа се вредни и угледни луѓе кои знаат како да се борат за реашавање на вашите секојдневни проблеми, за развој и подобар живот за сите во европско Тетово, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.
Таа ги повика граѓаните на 20 август, во сабота да гласаат за број 1 за советничката листа на СДСМ и коалицијата, бидејќи бројот 1 го гарантира најдоброто.
Во сабота вие одлуччувате дали ќе дозволите Тетово и понатаму да биде парализирано и нефункционално или ќе ги поддржите проектите кои му се потребни на градот и на сите граѓани, вие одлучувате дали ќе продолжат празните ветувања или ќе гласате за нов парк и спортска сала, реконструирани улици и училишта, повеќе паркинг места, спотски сали, истакна Лукаревска,
СДСМ му мисли добро на Тетово и на тетовчани, советничката листа на СДСМ предводена од Глигорије Стојановски е вистинско решение за Тетово, гласајте за број 1 за европско и модерно Тетово, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.