fbpx

Силната поддршка на граѓанте од Струмица на синоќешната трибина потврдува, државата на чело со СДСМ ќе продолжи по правиот пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Масовното присуство од над четири илјади граѓани на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „на Прав пат“во Струмица потврди дека државата на чело со СДСМ е на вистинскиот пат, по кој ќе продолжи по големата победа на изборите на 12 април.
 
Пред насобраните граѓани во Струмица се обратија претседателот на СДСМ Зоран Заев, членот на ИО пратеникот Костадин Костадинов, претседателот на партиската комисија за здравство и министер за здравство Венко Филипче, членот на ЦО и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски директорот на агенцијата за јавни патишта Зоран Китанов,и градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.
 
Претседателот на СДСМ Зоран Заев истакна дека во ова време кога сме на одлуки како да продолжиме натаму, додека целиот свет и сите европски лидери жалат за историската грешка, ние сме на чекор до НАТО и го спроведуваме концептот – парите кај граѓаните.
 
-Ние одиме напред, каде што чекори демократскиот, развиениот свет.  Не ги делиме граѓаните, за нас сите се еднакво важни. Секако ќе беше полесно ако од другата страна имавме поразумни луѓе, во опозицијата. Верувам дека и во ВМРО-ДПМНЕ има разумни луѓе, верувам дека ќе соберат храброст за промени. Затоа што се работи за целиот наш народ и нашата земја, нагласи  Заев.
 
Додека ги решаваме децениските проблеми, паралелно работевме и дома, докажавме дека имало пари во државата. Го спроведуваме концептот парите кај граѓаните, затоа што граѓанинот за нас е центар на внимание а не споменикот, врбата, порача претседателот Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струмица.
 
Членот на ИО на СДСМ Костадин Костадинов нагласи дека нема да дозвoлиме клонот на избеганиот криминалец во Будимпешта да дојде овде и да ни нуди некакви обнови.
 
Јасно и отворено сум кажувал и ќе повторам, за мене постојат три свети работи, кои ги негувам во мојот живот – тоа се семејството, Струмица и Македонија. Ова свето тројство ќе го чувам као зеница во окото и нема да дозволам некој Христијан Мицкоски да ми го чепне, истакна Костадинов.
 
На граѓанската трибина во Струмица, членот на ЦО на СДСМ Венко Филипче се осврна на мерките што се спроведуваа за развој на здравствената заштита.
 
Особена чест ми е што се привршува крилото на новата струмичка болница. На почетокот на наредната година сите жители од овој регион ќе имаат на располагање најсовремена болница. Струмичката болница ќе добие најсовремен апарат за магнетна резонанца, рече Филипче, додавајќи дека платите во здравството ќе продолжат да растат со цел лекарите да останат во јавното здравство и да пружаат квалитетни здравствени услуги.
 
Членот на ЦО и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски најави изградба на откупен диструбитивен центар во Струмица на површина од 6.000 квадрати, вреден 6 милиони евра.
 
Димковски истакна дека со зголемување на субвенциите, мерките за директна помош на младите земјоделци, зелената нафта, позитвино се влијае на развој и унапредување на земјоделството кое е една од најзначајните гранки во Струмица но и во целата држава.
 

Директорот на агенцијата за јавни патишта Зоран Китанов истакна дека кога ја презел функцијата за Струмица немало никаков проект, ниту ливче, а сега многу работи во патната инфраструктура се завршени.
 
Меѓу завршените проекти во струмичкиот регион, Китанов ги наброи патните правци Ново Село – Дабиле, Радовиш-Струмица, Колешино – Мокрино, Рич – Попчево, Добрејци – Василево, Градашорци-магистрален пат, влезови во Струмица, Штип-Радовиш, Ново Коњарево-Старо Коњарево.
 
Градоначалникот на Струмица Коста Јаневски  се осврна на бројните реализирани проекти во општината во изминатите две години, од кој, како проект со особено значење го издвои решавањето на проблемот со сместувањето на децата во градинките.
 
Струмица го одбра правиот пат и Струмица сигурно ќе успее, истакна градоначалникот Коста Јаневски на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „На прав пат“.
 
 
Последни вести