fbpx

Нови 1,1 милјарда денари, Владата на Ковачевски обезбеди парно за граѓаните на Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, на вчерашната седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје.

Донесена е Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД „Електрани на Северна Македонија“, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Граѓаните на Скопје да бидат спокојни, испораката на топлинска енергија во претстојната сезона нема да биде доведена во прашање.

Преку преземените мерки Владата предводена од СДСМ и Ковачевски обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите.

Последни вести