Грижата за граѓаните и политиките на Владата предводена од СДСМ доведоа до рекордно зголемување на пензиите.
Околу 330.000 пензионери добија септемвриска пензија поголема за 6,8 отсто.
Во апсолутни бројки, просечната пензија е зголемена за 1.074 денари и денес таа изнесува 17.422 денари или близу 300 евра.
Ваквото рекордно зголемување на пензиите се должи на новата методологија што Владата ја договори заедно со здруженијата на пезнионерите во март оваа година.
СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство кои ги предводи, продолжува со вистинска грижа за сите категории граѓани.