Соопштение за јавност
Општините и јавните претпријатија мора да го прилагодат начинот на работа и потребно е намалување на трошоците заради справување со последиците од кризата, порача вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју на Телевизија 24.
-Ние бевме сведоци дека локална власта во Скопје меѓу себе се обвинуваше дека беспотребно вработиле 100 луѓе на договор за дело. 100 луѓе, по трошок од 1.000 евра значи нето плата, плус придонеси, плус книговодствени услуги, одржување електрична енергија која што ја користат и други трошоци кои што ги прават, значи тоа се 1000 евра на пример земено во просек, по 100 луѓе се 100 илјади евра. А 100 илјади евра не е висината на сметката за електрична енергија. Така што ќе мора и локалните јавни претпријатија и локални самоуправи да функционриаат на начин кој што е согласен со најдобрите менаџмент пракси во услови на криза. Меѓутоа и да не е криза треба така да се однесуваме, рече Ковачевски.
Ковачевски порача дека како дел од последниот пакет мерки на регулираниот пазар на електрична енергија ќе се префрлат објектите на сите основни и средни училишта, но и дел од јавните претпријатија за водоснабдување, со цел нивната работа да не биде доведена во прашање во претстојните месеци.