fbpx

ЈСП е пред колапс заради ВМРО-ДПМНЕ, нивните раце во медот, тендерите, провизиите и неспособноста

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ЈСП е пред колапс заради ВМРО-ДПМНЕ, нивните раце во медот, тендерите, провизиите и неспособноста

Градскиот превоз и функционирањето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје се пред колапс заради неспособност, тендери и провизии на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.

Не само што нема нови автобуси, не само што нема бесплатен превоз, туку на Скопје му се заканува ситуација и воопшто да нема јавен превоз, нешто што досега се нема случено.
И сето тоа поради градската власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничка којашто тие ја промовираа, ја поддржаа и којашто ја избраа на чело со медарот Христијан Мицкоски, исклучиво таму е вината за ваквиот колапс.

Граѓаните на Скопје не ги избраа советниците од ВМРО-ДПМНЕ, ниту нивната градоначалничка да излегуваат во јавноста и да ја префрлаат вината на кој ќе им текне туку да работат.

СДСМ преку својата советничка група нема да дозволи неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри да биде на штета на Скопје и скопјани.

Последни вести