fbpx

За хаосот во Скопје вината е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

На Град Скопје му се случува хаос. Скопје за за прв пат остана без јавен превоз, јавните претпријатија не функционираат, нема проекти, ни инвестиции, нема развој.

Вината за хаосот во Скопје и во јавните претпријатија под надлежност на градот целосно е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

Залудно се обидуваат да побегнат од одговорноста. ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот на Град Скопје, а тоа ги именува членовите на Управните одбори во Јавните претпријатија, кои се највисок орган на управување. Тие сите до еден се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја изневерија довербата на граѓаните на Скопје.

Скопјани не заслужуваат власт која со рацете во медот,  јавно се кара за тендери, влијанија и провизии.

Последни вести