Соопштение за јавност
Денеска од Битола СДСМ ја започна серијата граѓански трибини, на кои заедно со граѓаните отворено ќе се разговара за мерките и политиките на СДСМ. Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ги презентираше досегашните преземени мерки, идниите политики, како и концептот за визијата и иднината на Северна Македонија.
“Мојата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ. Членство во ЕУ до 2030 година со заштитен македонски јазик и идентитет. На тоа сум посветен, на тоа работам. Да бидеме горди Македонци во ЕУ, да седиме на големата маса во Брисел рамноправни, силни и побогати од денеска. Се грижиме за граѓаните и за стандардот, но и гледаме напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ. Затоа, заедно со вас „силно и одлучно кон иднината“, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на граѓанската трибина на СДСМ “Силно и одлучно кон иднината“, изјави Ковачевски.
При тоа, Ковачевски потенцираше дека е направен историски исчекор во евро- интеграцискиот процес – започнати се преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет.
“Не беше лесно да се носат одлуките, особено тешки, државнички одлуки. Но лидерите треба да водат напред, одлучно, кон иднината и да носат тешки одлуки. Затоа што важно е нацијата и земјата да чекорат по вистинскиот пат, да имаат сигурна иднина. Јас учествував во разговорите за кревање на бугарското вето. Тие разговори не беа лесни ниту за македонските граѓани ниту за мене. Неколку пати кажав чувството кое што го имав, како некој со нож да ме сече во стомак. Но, на крајот мора да се донесе одлука и тоа беше исправна одлука, затоа што почнавме преговори со ЕУ со зачуван македонски идентитет и македонски јазик. Да треба пак да ја носам одлуката, пак ќе ја донесам истата одлука”, изајви Ковачевски.
На трибината “Силно и одлучно кон иднината”, Ковачевски потенцираше дпозицијата е заглавена во криминалната матрица, без државнички капацитет на кои поважно им е пласирањето на фабрикувани невистини, за наводна асимилација, бугаризација и за загрозување на идентитетот, организирање насилни протести, со единствена цел за исполнување на нивните лични интереси.
“Со мудрост, лидерство, одлучност сите тие антидржавни обиди беа неутрализирани. Започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски идентитет после 17 години чекање. Тоа е наш влог во иднината на земјата. Силно и одлучно кон иднината е наша одлика и на сите треба да им биде јасно дека нема да не поколебаат ниту нечесни политичари ниту нивните нечесни методи! ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица ниту се извинија, ниту пак честитаа за успехот на државата, но граѓаните гледаат и судат. Затоа им се случи првиот изборен пораз на првото изборно соочување откако јас сум на чело на СДСМ, граѓаните покажаа дека не сакаат деструктивност, враќање назад, кочење на државата”, порача претседателот на СДСМ Ковачевски.